„Живеам надвор од цивилизација – еден обичен „секојдневен“ шопинг ме чини 1000 долари и трае 2 дена, поминувајќи минимум 300 километри“

Жена од Канада, која живее во изолација, патува десет часа за да купи само основни намирници, при што секое патување ја чини повеќе од илјада долари – но, таа ужива во ова искуство.

 

 

Хилари Месер-Бароу, (30), која живее со сопругот и кучето Чили во изолираното место Бивер Крик, Јукон, го прифатила овој рустичен начин на живот. По заминувањето од Ванкувер пред пет години, таа се приспособила на тешките услови, кои вклучуваат денови со само четири часа дневна светлина, скијање за транспорт и собирање диви плодови и месо.

 

 

 

За да купуваат намирници и да посети закажани термини, Хилари и нејзиниот сопруг патуваат 300 километри до Вајтхорс секои шест до осум месеци. Трошоците од околу 1.250 долари вклучуваат храна, гориво и евентуално преноќување. За да избегнат проблеми, тие детално ги планираат купувањата и секогаш носат комплет за итни случаи.

 

 

Во текот на летото, тие патуваат во еден ден, но во зимските услови остануваат преку ноќ. Животот надвор од цивилизација ги натерал да се потпираат на градина, собирање бобинки и лов за да ги намалат трошоците.

 

 

Иако нивните патувања за купување намирници предизвикуваат изненадување на социјалните мрежи, Месер-Бароу нагласува дека тие уживаат во живописните предели на Јукон и чувствуваат голема привилегија што се дел од оваа мала заедница.

 

 

„Не е за секого, но ние го обожаваме нашиот живот овде“, вели таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *