Погледнете како „најдобриот шеф во Велика Британија“ ќе ги награди своите вработени за Божиќ
Можеби сте среќни ако вашиот шеф ви дозволи да заминете еден час порано од последната смена пред Божиќ, или ако ве почести со шише шампањ од супермаркетот.
Но, замислете како би се чувствувале ако потроши илјадници евра на вас како празничен подарок.
Запознајте го Бенџи Лесли, основач и извршен директор на Connect Management, најголемата агенција за таленти во Велика Британија, која се фокусира на социјалните медиуми.
Лесли, кој има 25 години, верува дека со добро третирање на вработените тие се помотивирани за работа. Тој ги наградува со патувања, како посета на Дизниленд во Париз, а за Божиќ организира специјална иницијатива наречена „Санта Лесли“.
Оваа година, тој потрошил 23.000 евра на подароци, а членот на тимот кој остварил најголем приход во текот на денот имал можност да избере подарок. Подароците вклучувале сè – од чоколади и Lego комплети до слушалки и часовници Rolex.
Лесли смета дека ваквата великодушност е „вредна“ за создавање среќна работна средина.
„Сакам да давам. Сопствениците на бизниси заработуваат огромни профити. За мене, важно е да ја споделам мојата благодарност. Имам навистина среќен тим – со стапка на задржување на вработените од 89 проценти. Не би имале профити доколку вработените не беа среќни.“
Во 2019 година, Бенџи ја напуштил работата во рекламирањето и една година подоцна ја основал својата компанија. Откако почнал да бележи успех, сакал да го сподели тоа со тимот.
„Ги однесов сите на Малдивите откако првата година бизнисот добро тргна“.
Со очекувани приходи од неверојатни 21 милион евра оваа година, Лесли има можност да понуди многу различни стимулации.
Секој месец доделува патување преку „томбола“, што, според него, додава „возбудување и енергија“.
„Колку повеќе приходи донесуваат на бизнисот, толку поголем дел од наградите добиваат,“ вели тој.
За време на Божиќ, вработените секојдневно доаѓаат во канцеларијата, бидејќи Лесли верува дека работата од дома е „осамена“ и „помалку продуктивна“.
Тој создава пријатна атмосфера во канцеларијата, каде секое утро некој од тимот носи игра за забава.
„Наутро започнуваме со игра, што ја подига енергијата,“ објаснува тој.
Во петок попладне, тимот практикува „благодарност“. Секој треба да каже нешто за кое е благодарен на некој колега.
„Ова е потсетник – живееме во свет што се движи пребрзо, а на луѓето треба да им се покаже благодарност.“
Оваа година, како благодарност за тимот, Лесли ги однел на патување во Дизниленд Париз.
Сепак, тој признава дека има високи очекувања од вработените, кои ги опишува како „супер тим“.
„Многу работни места имаат вработени кои го презираат шефот и работат минимално. Кај нас не е така. Такава лојалност не може да се купи – таа се заслужува со искреност.“
„Очекуваме многу, но вработуваме вистински луѓе. Ако ги третирам луѓето добро, тие ќе работат напорно за мене,“ додава тој.
Коментирај анонимно