10 досетливи афоризми за брзо поткревање на расположението
Животот е како Рубикова коцка. Таман ќе го подредиш од едната страна, гледаш од другата сѐ си е*ало мајката!
– – – – – –
Пепелашка си е среќлика. Кај неа тиквата ќе се претвори во кочија, а кај нас во премиер!
– – – – – –
Помислете си, колку луѓе ќе ослабеа, ако телефонот имаше педали од кои зависи брзината на интернетот!
– – – – – –
Нема погорда и посамоуверена жена, од таа што успешно паркирала.
– – – – – –
Мажите се како кокошките… На 20 метри од дома и веќе се ничии. А лисици демнат отсекаде…
– – – – – –
Им се чудам на Шкотите, како можат да чекаат вискито да одлежи 5-10 години?! Ние ракијата ја почнуваме уште од казанот.
– – – – – –
Научниците го открија најстрашниот ѕвер: Жена на диета, со менструација, кој се труди да ги откаже цигарите и е разочарана од мажите.
– – – – – –
Лето е… Што му треба на човек – малку нафта за јахтата и црн леб за кавијарот…
– – – – – –
– Како се вика маж, кој сака само жени, во 2020?
– Ретрос*ксуалец!
– – – – – –
– Што е заедничко помеѓу дијареата и електричниот автомобил?
– Стравот дека може да не стигнеш до дома!