Бијонсе заработи богатство за само 13 минути: Колку МИЛИОНИ ќе ја исплати „Нетфликс“ за краткиот настап на НФЛ Божиќното шоу?

Бијонсе привлече огромно внимание со своето шоу на Божиќ, како дел од „NFL“ двомечот организиран од „Netflix“. Наводно, за овој 13-минутен настап, пејачката заработила 20 милиони долари, што значи дека секоја минута од нејзиниот перформанс ја наплаќала над еден милион долари. Иако овие податоци не се официјално потврдени, тие предизвикаа многу реакции на социјалните мрежи.

 

 

На сцената на стадионот „NRG“ во Хјустон, Бијонсе ја сподели сцената со специјалните гости како Шабузи, Пост Малон и нејзината ќерка Блу Ајви. Многумина го пофалија настапот, нарекувајќи го достоен за Супер Боул, додека други, како контроверзниот Дејв Портној, го критикуваа, алудирајќи на нејзината кариера од времето на „Destiny’s Child“.

Настапот е втор дел од трипартитниот договор на Бијонсе со „Netflix“, вреден 60 милиони долари. Првиот дел беше документарец за нејзиниот легендарен настап на „Coachella“ во 2019 година. Со вториот проект, таа ги исполни двете третини од договорот, додека третиот дел сè уште е мистерија, но фановите очекуваат нов спектакуларен настап.

 

 

Овој настап дојде по неколку бурни месеци за пејачката. Нејзиниот сопруг, Џеј-Зи, беше обвинет во контроверзна тужба, но тој ги отфрли обвинувањата. Исто така тука беше и драмата со Пи Диди, кадешто Бијонсе и Џеј Зи не останаа не споменати. Настапот, кој е прв по завршувањето на нејзината турнеја „Renaissance“ во октомври 2023 година, покажува дека Бијонсе останува фокусирана на својата музичка кариера.

 

 

Извори блиски до Бијонсе открија дека таа наскоро ќе објави нов албум и турнеја, која треба да започне во март 2025 година во Лос Анџелес. Најавата, која беше одложена, сега се очекува во следните неколку недели.

Бијонсе со својот уникатен талент и неуморна работа продолжува да доминира на музичката сцена, претворајќи ги предизвиците во инспирација за нови успеси. Обожавателите ширум светот со нетрпение ги очекуваат нејзините следни чекори.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *