Држењето и говорот на телото кај една личност можат лесно да откријат дали си имате работа со психопат
Психологот Сузан Краус Витбурн, поранешен професор по психолошки и мозочни науки на Универзитетот Масачусетс Амхерст, откри интересни показатели за психопатски карактеристики. Во својата статија за „Psychology Today“ , таа посочува истражување спроведено на Универзитетот Мекгил во Канада, кое покажало дека начинот на држење на телото може да даде индиции за психопатски тенденции.

Студијата со 608 возрасни испитаници открила дека луѓето со отворени или доминантни пози често покажуваат поголема склоност кон манипулација, натпреварувачки дух и верба во социјалните хиерархии. Од друга страна, оние кои се наведнуваат или брзо го менуваат ставот имаат пониска самодоверба. Исто така, исправената кичма може да укаже на „послаба личност“.
Покрај ова, Абигејл Марш, психолог и невронаучник, наведува дека психопатите покажуваат антисоцијално однесување низ повеќе аспекти – од романтични врски до професионални и спортски ситуации. Тие често имаат погрешна слика за својата супериорност над другите и се склони кон неетичко однесување.

Лондонскиот консултант психијатар, д-р Џалеел Мохамед, истакнува дека импулсивноста, безгрижноста и криминалното однесување се чести кај луѓето со антисоцијално растројство на личноста (ASPD). Тој објаснува дека психопатите донесуваат опасно импулсивни одлуки без да размислуваат за последиците.
Иако вистинска дијагноза може да постави само лиценциран професионалец, познавањето на овие карактеристики може да помогне да се избегнат потенцијално токсични луѓе.

Коментирај анонимно