Жена почнала да зборува со италијански акцент, откако се разбудила по преживеан удар: „Никогаш ја немам ни посетено Италија“

Жена од Лондон споделила како изгледа животот откако почнала да зборува со „италијански акцент“ по претрпен мозочен удар. Алтија Брајден, 58 годишна пензионерка која живее со својот сопруг Винстон, кој е и нејзин целодневен негувател, го доживеала ударот во 4 мај 2024 година.

 

 

Ударот, предизвикан од состојба наречена каротидна мрежа, ја оставил неспособна да зборува и да ја почувствува десната горна половина од телото три месеци. По успешно хируршко отстранување на причината во август, Алтија била изненадена кога повторно проговорила, но со силен италијански акцент, иако никогаш не ја посетила Италија.

 

 

Таа истакнала дека често несвесно користи италијански зборови како „мама миа“, „бамбино“ и „си“, заедно со одредени манири. Ситуацијата била шок и за медицинскиот персонал, кој никогаш не се сретнал со ваков случај.

По посета на логопед, било предложено дека страда од редок синдром наречен синдром на странски акцент, кој се јавува по мозочно оштетување, како удар. Ова е многу ретка состојба.

Иако Алтија сѐ уште чека официјална дијагноза, таа чувствува дека го изгубила својот идентитет.

 

 

„Дури и смеењето ми е различно… Не сум јас. Чувството е како кловн со изопачена насмевка, додека луѓето гледаат и се смеат, но јас останувам со оваа насмевка“, споделила таа.

Дополнително, таа била дијагностицирана со афазија, состојба која предизвикува потешкотии со јазикот и говорот.

„Мојот мозок не можеше да го разбере ова – беше застрашувачко и ме остави збунета и исплашена“, изјавила таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *