„Имав визии и видов дека 2025 година ќе биде исполнета со војни и конфликти – сепак, не е се така црно, ќе има и напредок“

Христијанскиот пророк, Џошуа Гилс, тврди дека имал визии од Бог кои предвидуваат дека 2025 година може да биде исполнета со војни, опишувајќи ја како „горчливо-слатка“ година. Тој предупредува дека конфликтите во Газа и Украина имаат потенцијал да се прошират и да вклучат и други нации, вклучувајќи ја и Америка, што би можело да доведе до трета ветска војна.

 

 

Гилс, основач на „Kingdom Embassy Worship Center“ во Минеаполис, вели дека уште од детството добива визии. Во 2020 година, тој предвиде ескалација на насилство на Блискиот Исток, а сега истакнува дека 2025 година може да биде почеток на „ера на војна за светот“.

 

 

 

Дополнително, Гилс тврди дека видел пораст на терористички напади на американско тло, што се совпаѓа со предупредувањата на експерти за безбедност заради лабавата гранична политика.

 

 

Сепак, не сите негови визии се мрачни. Тој предвидува напредок во медицината, вклучувајќи лекови за некогаш неизлечиви болести, како што се некои видови рак. И покрај мрачните прогнози, Гилс повикува на фокусирање на позитивното и верува дека со мудрост и молитва, многу од предвидените предизвици можат да се избегнат.

  • drover sointeru напиша:

    Amazing blog! Is your theme custom made or did you download it from somewhere? A design like yours with a few simple tweeks would really make my blog stand out. Please let me know where you got your design. With thanks

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *