Најкул „Airbnb“ на свет – приватен авион кој претходно бил во сопственост на Пабло Ескобар
Еден напуштен авион „Boeing 727“, некогаш во сопственост на Пабло Ескобар, е претворен во уникатен „Airbnb“ кој нуди луксузно искуство. Авионoт, лоциран на индустриско подрачје во Бристол, Англија, располага со џакузи, сауна и може да чини до 1.055 долари за ноќевање.
Првично изграден во 1968 година за Јапонските авиолинии, авионот бил претворен во приватен џет во 1981 година и останал во употреба до 2012 година. Сопственикот, Џони Палмер (41) успеал да добие дозвола за проектот од Градскиот совет на Бристол.
Авионот нуди две спални соби со сопствени тоалети и тушеви, кожни седишта што се претвораат во кревети, и златно обложени детали во ентериерот, вклучувајќи комплетно опремени соби. Иако без крила и мотори, функционални се сите други елементи како скалите, осветлувањето, кујната и тушот.
Џони ја објаснува инспирацијата зад проектот како можност за креативна трансформација на индустриско подрачје и додава дека проектот служи за донесување радост и инспирација. Освен тоа, авионот често се изнајмува за уметнички цели како музички видеа и фото-сесии, а локалните жители можат да го посетат за донации во добротворни цели.
Популарноста на овој уникатен сместувачки простор генерира средства кои се користат за негово подобрување, а во план е поставување на уште еден, поголем авион. Џони заклучува дека целта никогаш не била профит, туку создавање искуство што инспирира.
Коментирај анонимно