Научниците идентификуваа нова крвна група по 50-години мистерија

Во 1972 година, доктори откриле дека крвта на бремена жена нема молекула која се наоѓа во сите познати црвени крвни клетки. По 50 години, истражувачи од Велика Британија и Израел открија нов крвен систем кај луѓето, именуван како MAL.

 

 

 

Овој редок крвен тип е резултат на мутација во генот MAL, што доведува до отсуство на антигенот AnWj. Повеќе од 99.9% од луѓето го имаат овој антиген, кој е важен за стабилноста на клеточните мембрани и транспортот во клетките.

 

 

 

Истражувањето, кое траеше со децении, успеа да идентификува три пациенти со негативен AnWj крвен тип. Ова може да биде предизвикано од генетска мутација или од крвни нарушувања. Научниците успеале да го вратат AnWj антигенот во клетките преку вметнување на нормалниот MAL ген.

 

 

Сега, благодарение на ова откритие, пациентите можат да се тестираат за да се утврди дали негативниот MAL крвен тип е наследен или резултат на друго медицинско нарушување. Ова е значајно за спасување животи, особено кај пациенти со ретки крвни особености.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *