Експертите открија која е СУПЕРХРАНАТА што ја конзумираат 100 годишниците од „Сините зони“

Експерти кои ги истражуваат долговечните жители на „сините зони“ откриле една храна што може да го подобри здравјето и да ја зголеми шансата за долг живот. Овие региони, како италијанскиот остров Сардинија и јапонскиот остров Окинава, се познати по жителите кои често живеат до 100 години.

 

 

 

Во Сардинија, семејството Мелис во 2012 година беше прогласено за најстаро семејство во светот со комбинирана возраст од 818 години. Во документарецот „Живот до 100: Тајните на сините зони“, Дaн Буетнер истакнува дека заеднички фактор во исхраната на жителите е консумирањето храна на база на соја.

 

 

 

На Окинава, каде жителите се десет пати поверојатно да доживеат 100 години од просечниот Американец, сојата игра важна улога во здравјето. Производи како тофу и мисо супа се богати со флавоноиди кои го штитат срцето и помагаат против рак на дојка, додека ферментираните соја производи придонесуваат за здрава дигестија.

 

 

Нутриционистката Хелен Бел објаснува дека сојата е богата со незаситени масти кои можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Таа препорачува разновидни соја производи како тофу, едамаме и соино млеко, подготвени на здрави начини, како на пареа или пржени.

 

 

Сепак, Бел нагласува дека ниту една храна не е магично решение за здравјето – балансирана исхрана е клучот за добро здравје.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *