Илон Маск вели дека вештачката интелигенција научила сè за луѓето и мора да направи сопствени откритија

Илон Маск тврди дека вештачката интелигенција веќе ги исцрпила сите достапни информации за човештвото и може да напредува само преку сопствени научни откритија. Според основачот на „Tesla“, оваа технологија сега е толку напредна што користи сопствени „мисли“ за комуникација.

 

 

 

Маск изјави дека интелигентните ботови веќе „исцрпиле“ сè што може да се научи од човечкото знаење. Тој додаде дека единствен начин да продолжат да се развиваат е преку создавање сопствени „синтетички податоци“ и процес на самоучење.

Компании како „Metа“, „Microsoft“ и „Google“ веќе користат синтетички податоци за усовршување на своите ВИ модели. Маск ја започна својата компанија за ВИ, xAI, во 2023 година и објасни дека моделите како GPT-4o, кои го напојуваат ChatGPT, се обучени преку огромни количини онлајн податоци, што им овозможува да предвидат следни зборови во реченицата.

 

 

 

Сепак, Маск предупреди дека ова самоучење може да доведе до појава на „халуцинации“ – термин што се користи за неточни или нелогични одговори на ВИ системите. Ова, според него, претставува предизвик во оценувањето на точноста на добиените информации.

 

 

Андру Данкан, раководител на „Фундаменталн АИ“ при Институтот Алан Тјуринг во Велика Британија, се согласи со Масковите тврдења, истакнувајќи дека јавните податоци за обука на ВИ модели може да бидат исцрпени до 2026 година. Тој исто така предупреди дека користењето синтетички податоци може да доведе до „колапс на моделот“ – значителен пад на квалитетот на излезните информации од ВИ системите.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *