Џеф Безоз му врати на Леонардо ДиКаприо за моментот кога му ја „украде“ девојката

Џеф Безос неодамна одговори на виралното видео во кое неговата свршеница Лорен Санчез се среќава со Леонардо ДиКаприо, потег што предизвика бура реакции на социјалните мрежи. Сцената беше снимена на гала настан во Лос Анџелес во 2021 година, каде што Санчез беше забележана како насмеано гледа кон актерот додека Безос стои веднаш до неа.

Корисниците на социјалните мрежи брзо ги изразија своите ставови, коментирајќи дека ситуацијата изгледала како Санчез да покажува интерес кон ДиКаприо. Сепак, познато е дека тие се долгогодишни пријатели, а ДиКаприо тогаш беше во врска со моделот Камила Мороне.

 

 

По реакциите на јавноста, Безос одлучи хумористично да одговори на платформата X (поранешен Twitter). Тој објави фотографија на која стои до знак што предупредува за стрмна карпа и напиша шеговит коментар насочен кон ДиКаприо: „Лео, дојди овде, сакам да ти покажам нешто“.

 

 

Корисниците го препознаа шеговитиот тон на објавата и се приклучија на хуморот со свои коментари. Некои забележаа дека „Титаник не го потопи Лео, но Безос можеби ќе успее“, додека други алудираа на можни „оштетени пакети“ од „Amazon“.

Во друго интересно откритие, беше потврдено дека Безос некогаш носел друго презиме – Џефри Престон Јоргенсен. Неговиот биолошки татко, циркуски изведувач, го изгубил контактот со синот по разводот со неговата мајка Џеклин Гајс. Подоцна, Џеклин се премажила и нејзиниот нов сопруг го посвоил Безос, кој го добил неговото презиме. По години разделба, таткото изразил гордост за постигнувањата на својот син.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *