Западните научници конечно ја сфатија нашата: „Една ракија на сабајле за циркулација“
Истражување покажува дека умереното консумирање алкохол може да биде поврзано со помал ризик од депресија кај пензионерите. Истражувачи следеле повеќе од 27.500 луѓе во период од 14 години, анализирајќи ги нивните навики за пиење и здравствени состојби. Резултатите покажале дека пензионерите генерално покажувале повеќе знаци на депресија отколку активните работници.
Сепак, умереното пиење било поврзано со помал број симптоми на депресија во споредба со претераното пиење или целосната апстиненција. Умерено пиење се дефинира како една до три пијалаци дневно за жени и една до четири за мажи, додека претерано пиење подразбира четири или повеќе пијалаци за жени и пет или повеќе за мажи дневно.
Според авторите, умереното консумирање алкохол може да помогне преку поттикнување на социјализација и подобрување на расположението. Сепак, д-р Антонија Дијаз-Валдес од Универзитетот Мајор во Чиле предупредува дека консумацијата на алкохол носи ризик од падови, повреди и зависност, како и негативни здравствени последици.
„Приспособувањето на пензија може да биде предизвик, но алкохолот не е решение,“ истакнува таа. Потребна е поддршка за пензионерите со цел да се спречи преминување кон претерана консумација на алкохол како механизам за справување со промените.
Истражувањето е објавено во списанието Aging and Mental Health.
Коментирај анонимно