Една состојка што никогаш не треба да ја пропуштите за да ја направите најмеката кајгана
Кој не го сака мирисот на убаво подготвена кајгана за доручек? Но колку и пржењето јајца е едноставно сепак има мали тајни за вкусот и шмекот да бидат уште подобри.
Па која е тајната за најубавата кајгана? Нешто што сите обожаваме и сме го пробале милион пати – УРДА!
И не, не зборуваме за класични јајца со урда.
Кога ќе измешате малку урда со сурови јајца, се случува вистинска магија. Урдата ги прави јајцата помеки и понежни, а готовото јадење е и поздраво – со додавање на урда внесувате повеќе протеини во јајцата, што помага во изградба на мускули и дава подолготрајна ситост.
Како да ја направите најмеката кајгана:
Сè што треба е да користите блендер, процесор за храна или рачен блендер за да бидете сигурни дека јајцата и удата се убаво измешани целта е мазна конзистенција без грутки, а не како класичниот рецепт јајца со урда.
Доколку немате блендер, овој трик функционира и со машинка за матење кафе!
Чекори за подготовка:
Загрејте тава на средно-ниска температура со малку путер.
Комбинирајте 2 јајца, ¼ чаша урда, и прстофат сол и бибер користејќи блендер, процесор за храна, рачен блендер или миксер, и мешајте додека не добиете мазна смеса.
Откако тавата ќе се загрее, истурете ја смесата и оставете ја да се готви полека, често мешајќи, додека јајцата не ја постигнат посакуваната текстура.
Кога кајганата е готова, префрлете ја на чинија. Додадете малку пармезан и свежи зачини како копар или млад кромид (опционално).
Резултатот ќе биде кајгана која личи на јадење од скап појадок ресторан, но чини само дел од таа цена, а можете да ја јадете во пижами дома. Дополнително, овој метод не е само за кајгани – искористете ја урдата и блендерот и за сендвичи, фритати, или тартови. Нема да зажалите!
Коментирај анонимно