Тенисерката Даниел Колинс ја возбуди публиката по нејзината победа на Австралија Опен, испраќајќи им бакнежи и поздрави со задникот
Даниел Колинс, 31 годишната тенисерка, ја победи Дестани Ајава со 7-6, 4-6, 6-2 во второто коло од женските синглови во четвртокот на Австралија Опен. Сепак, вниманието го привлече со својата реакција кон возбудената публика во Мелбурн.
Американката им го привлече вниманието на гледачите со гестови, праќање бакнежи и дури со тапкање по задникот. Во своето обраќање по натпреварот, таа изјави: „Додека сум тука, зошто да не ја земам таа голема плата? Обожавам хотелс о пет ѕвезди за одмор, така што добар дел од тоа ќе оди таму. Ви благодарам што дојдовте вечерва и што не поддржавте. Ве сакам”.
Колинс додаде: „Мислам дека имаше многу луѓе што беа многу пијани и едвај се контролираа, но беа многу возбудени што ме гледаат“.
Како 10-ти носител на турнирот, нејзиниот напредок во третото коло ѝ донесе заработка од 170.000 долари.
Таа продолжи: „Ако веќе треба да бидам тука два часа и да ги трпам овие луѓе, подобро да го земам поголемиот чек, нели? Среќна сум што го правам тоа, а една од најинтересните работи во професионалниот спорт е што луѓето што не те сакаат или те мразат, всушност ти ги плаќаат сметките. Тоа е еден вид кул концепт, а мојата професионална кариера нема да трае засекогаш, па си напомнувам дека секој ден кога се случува тоа, тие ми ги плаќаат сметките. Секој што купил билет и дошол да ме провоцира го поддржува фондот за Даниел Колинс. Така што, да, напред, го обожавам тоа”.
Коментирај анонимно