„Да запознаам вонземјанин и да откријам нов животински вид“ – списокот на желби на едно 13 годишно дете е она што дефинитивно треба да го видите денес
Ако некогаш сте сонувале да имате кул џип или да откриете фосил како дете, ова е потсетник дека сѐ уште не е доцна.
Обично луѓето почнуваат да размислуваат за список на желби кон крајот на животот или во моменти на криза во средината. Свесноста за смртноста станува поголема, а желбата да не се трошат останатите денови залудно – посилна. Најчесто, ваквите списоци вклучуваат патувања за да се открие светот, адреналински авантури како скокање со падобран или нуркање на големи длабочини, или остварување значајни животни моменти, како вљубување или родителство.
Но, замислете да почнеме со такви листи порано – колку многу би можеле да постигнеме! Еден татко неодамна откри како неговиот 13-годишен син тајно водел свој список на желби. Не можел да одолее, па го споделил списокот онлајн, а сега овој необичен и хумористичен список стана вирален.
1. Да имам алигатор.
2. Да одам во Нов Зеланд.
3. Да станам автор.
4. Да откријам нов животински вид.
5. Да јадам октопод.
6. Да бидам пријател со бинтуронг.
7. Да имам кул џип.
8. Да отворам „Јутјуб“ канал.
9. Да ја запознаам Џ.К. Роулинг.
10. Да станам светски експер во „Редвол“.
11. Да го докажам постоењето на Гоблините.
12. Да си го променам името.
13. Да се оженам.
14. Да спасам животински вид.
15. Да откријам фосил.
16. Да нуркам со ајкула.
17. Да помогнам со правење филм.
18. Да запознаам вонземјанин.
19. Да станам милионер.
20. Да истепам некого.
Коментирај анонимно