10 докази дека на мажите сѐ треба да им се нацрта и пак не сфаќаат
Понекогаш, знаците што ги праќаат жените се толку јасни, но на некои мажи сè уште им остануваат нејасни. Овие 10 приказни ги истакнуваат моментите кога жените направиле навестувања кои биле очигледни како неонски светла, само за на крајот да останат целосно незабележани од мажите.
1.
„Се гушкавме цела ноќ гледајќи филм заедно. Кога си заминуваше, се обидов да го бакнам за збогум, но тој го одби тоа и си замина. Се вратив во мојата соба да плачам. 10 минути подоцна тој побара да се сретнеме надвор. Излегувам надвор и тој со неверување викна: „Чекај, дали се обидуваше да ме бакнеш? Дали тоа значи дека ти се допаѓам?“
Момчето буквално побегна и му се јави на пријателот затоа што беше збунет и мислеше дека праќам мешани знаци дали му се допаѓам или не“.
2.
„Мојот мајка го запознала мојот татко кога работеле во пицерија како тинејџери. Таа била заљубена во него, па со месеци му давала совети, но тој не ги сфаќал.
Еднаш, таа го прашала дали би сакал ладни бакнежи, додека го ставала пица тестото во фрижидерот. Тој рекол: „Всушност, повеќе сакам топли бакнежи“, па таа реkla „добро“ и го бакнала. Тогаш сфатил дека и се допаѓа. Во брак се 40 години“.
3.
„Една вечер одев со една пријателка дома и ѝ спомнав дека не знам кога ќе и се допаднам на некоја девојка. Реков: „Девојка би можела да ме удри по главата и јас повторно да не сфатам дека е заљубена во мене“. Таа потоа ме удри по задниот дел од главата и јас одговорив со: „Оу! За што беше тоа по ѓаволите?!“
4.
„Буквално ги имав завиткано рацете околу него одзади и му кажав колку е сладок. 5 години подоцна повторно се сретнавме и почнавме да излегуваме, а тој ми рече: „Мислев дека се шегуваш затоа што си премногу убава за да сакаш да бидеш со мене“. Бидејќи тогаш беше несигурен, тој се убеди себеси дека не е доволно добар и дека тоа сигурно беше шега“.
5.
„Директно ме праша дали може да му опишам кој е мојата симпатија, а јас само малку го погледнав во очи и му реков дека има кафени очи. Не го сфати тоа додека не се погледна во огледало. Но, се покажа добро, се забавуваме потоа една година“.
6.
„Дента кога мојот сопруг (тогаш пријател) отиде да ми каже дека е заљубен во мене и дека сака официјално да започне да се забавува со мене, тој беше супер нервозен. Бидејќи тој го поттикна состанокот и дискусијата, требаше да му дозволам да започне, а потоа да му речам само „да, и јас!“. Тој не можеше да започне никако, па јас само му реков: „Нема да ти речам „не“, само прашај ме, ајде!“
7.
„Мојата сегашна сопруга и нејзината пријателка се обидоа да ме натераат да излезам со двете на филм за кој зборував дека сакам да го гледам со недели. Одбив („Не сакам да бидам трето тркало“), но тие рекоа дека веќе имаат билети. Мислев дека се само добри и не сакав да им навлегувам во забавата. Реков дека можат да ми го вратат билетот, но „во секој случај, благодарам многу!“
8.
„Еднаш прашав еден дечко дали можам да го бакнам (се дружевме на начин што беше погодно за тоа) и тој рече да. Го бакнав. Беше одлично. Потоа само се разделивме на природен начин. Три дена подоцна ме праша зошто сум го откачила. Човече, буквално те бакнав!“
9.
„Еднаш ме викна една моја колешка на разговор. Таа рече: „Зарем не забележа дека во последните 2 месеци првото нешто што го правам кога ќе пристигнам е да дојдам на твоето биро и да се поздравам? И дека не го правам тоа за никој друг?“
Искрено не забележав. Забележав дека таа секогаш пристигнуваше подоцна од мене. Тоа е единственото нешто што го забележав. Искрено. Како и да е, после таа мала фрустрација и објаснување, завршивме во кратка врска“.
10.
„Муабет со него на ФБ секој ден три месеци. Поканувајќи го на работи. Давајќи му билети за спортски игри. Три месеци подоцна ме фати за рака за да ми помогне да се симнам од тротоарот и не го пуштив. Одеднаш конечно сфати. Пет години подоцна сè уште сме заедно“.
Коментирај анонимно