Книга која беше класифицирана од ЦИА повеќе од пет децении објаснува како ќе дојде крајот на светот
Делата на Чен Томас – кои содржат шокантна теорија на заговор за наводната претстојна пропаст на планетата – конечно се обелоденети речиси 60 години по нивното прво пишување.
Покојниот инженер, истражувач на НЛО и самопрогласен полимат е автор на озлогласената книга со наслов „Приказната за Адам и Ева“.
Современите теоретичари на заговор продолжија да ги пропагираат неговите верувања и по неговата смрт во 1998 година, а сега, деталите за неговите загрижувачки предвидувања конечно се обелоденети.
Централната разузнавачка агенција (ЦИА) ја запрела публикацијата на книгата во 1966 година, од причини кои остануваат непознати до денес.
Се верува дека разузнавачката служба можеби била загрижена дека теориите на Томас би можеле да предизвикаат масовна паника или дека можеби открил детали од тајни владини истражувања.
Томас, кој бил поранешен вработен во американското воено воздухопловство, во своите дела ги изнесува своите толкувања на „Книгата на Постанокот“, неколку предбиблиски приказни и историски геолошки феномени.
Првото поглавје е насловено „Следната катаклизма“ и започнува со зборовите: „Како Ное пред 6.500 години… Како Адам и Ева пред 11.500 години… И ова ќе се случи…“
Во суштина, Томас верувал дека светот на секои 6.500 години го погодува голема катастрофа, чија штета е слична на библискиот „Голем потоп“.
Ако Американецот бил толку добар математичар како што тврдел, тоа би значело дека светот треба да се подготви за уште една катастрофа од епски размери за околу 1.000 години.
Предвидувањето за поместувањето на половите
Според Томас, овие катаклизми се предизвикани од менувањето на земјините полови – двете точки каде што се среќава оската на ротација на Земјата со површината – феномен познат како геомагнетска инверзија.
Научниците велат дека последната таква промена се случила пред околу 780.000 години.
„За време на промена на половите, магнетното поле ослабува, но не исчезнува целосно,“ вели НАСА. „Магнетосферата, заедно со атмосферата на Земјата, продолжуваат да ја штитат Земјата од космички зраци и наелектризирани соларни честички.“
Во Приказната за Адам и Ева, Томас тврди дека оваа промена на половите конечно ќе доведе до крајот на човечката цивилизација.
Во еден застрашувачки пасус, тој пишува: „Во Калифорнија, планините се тресат како папрати на ветер; моќниот Пацифик се повлекува и се издигнува во воден ѕид повеќе од три километри висок, кој почнува да се движи источно. За неколку часа сите траги од цивилизацијата исчезнуваат, а големите градови како Лос Анџелес, Сан Франциско, Чикаго, Далас, Њујорк – стануваат само легенди.“
Томас потоа опишува апокалиптични сцени како ветришта со „силата на илјадници армии“ уништуваат се пред себе, а цунами во Пацификот ги брише ЛА и Сан Франциско „како зрна песок“.
Но, другите континенти нема да избегаат од гневот на оваа катастрофа – Томас предупредува дека секој дел од Земјата ќе биде уништен на различни начини, а целиот хаос ќе трае седум дена.
Нов свет
Сепак, Томас верувал дека по катаклизмата планетата ќе биде многу поразлична.
Тој напишал: „Бенгалскиот залив, источно од Индија, сега е на Северниот пол. Пацификот, западно од Перу, е на Јужниот пол.“
Според неговите тврдења, Гренланд и Антарктикот ќе се поместат кон екваторот, а нивните ледени капи ќе се стопат поради тропските температури.
Дали треба да се грижиме?
Според д-р Мартин Млинчак од НАСА, нема причина за загриженост.
„Жалосно е што вакви работи се шират. Вонредни тврдења бараат вонредни докази, а тука нема никакви докази, наука или физика зад овие тврдења.“
Тој го нарекол тврдењето на Томас за 90-степенска промена на магнетното поле „целосно неосновано“.
„Ако тоа се случувало на секои 6.500 години, ќе имавме докази за тоа. Количеството енергија потребно за такво нешто е огромно и нема ништо што би можело да го иницира.“
Блог на НАСА, напишан од Алан Бјус од Jet Propulsion Laboratory, исто така потврдува: „Нема докази дека климатските промени биле значително погодени од последните три магнетни промени во последните 2,8 милиони години.“
Коментирај анонимно