Дали навистина Илон Маск ѝ прати на публиката НАЦИСТИЧКИ поздрав на инаугурацијата на Доналд Трамп?

Илон Маск одговори на обвинувањата дека направил „нацистички поздрав“ за време на инаугурацијата на Доналд Трамп.

 

 

 

Маск, извршниот директор на „Tesla“ и „SpaceX“, беше присутен во Вашингтон, вчера на 20 јануари за инаугурацијата на Трамп како 47-ми претседател на САД. Сепак, неговите гестови на сцената предизвикаа контроверзии.

Гледачи забележаа како Маск, за време на својот говор, прави движења кои многумина ги нарекоа „фашистички“. Тој прво ја искажа својата возбуда за мисијата на Марс, а потоа направи гест кој, според некои, личел на нацистички поздрав.

Додека го завршуваше својот говор, Маск го повтори истиот гест кон американското знаме, што дополнително го зголеми негодувањето на социјалните мрежи.

 

 

Водителите на „CNN“, како и бројни корисници на платформата „X“, ја коментираа ситуацијата. Некои тврдеа дека гестот е сличен на нацистичкиот поздрав, додека други го бранеа Маск, нарекувајќи ги обвинувањата дел од „кампања за клевета“.

Маск одговори на платформата „X“, велејќи: „Треба да измислат подобри трикови. Овој напад „сите се Хитлер“ е толку излитен“.

  • Rade напиша:

    Gi otekoa jajcata so ovoj pozdravov i opsto so Tramp, kako samo Amerika da ima pretsedatel.

  • Васе напиша:

    Типо (не е фиат) само се радува како мало дете шо тепаше Трамп!!!
    Го видовте и на негов претходен митинг, кога рипаше и скокаше!

  • Име* напиша:

    Значи вака стојат работите. Елон е роден во Ј.Африка и е дете на апартхејдот, кои пак се директно поврзани со неонацистичкото движење во Германија. Големи количества на богатството е префрлено за време на втората светска војна во Ј
    Африка и Америка од тука доѓа моќта на одредени поеднци како овој да имаат влијание на светските збиднувања. Елон потроши преку 270 милиони долари за да победи Трамп, или ако сакате буквално го поседува републиканскиот совет. Сега доаѓа време на технократијата која е заснована на неонацистичка школа.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *