Конечно е откриено потеклото на мистериозните земјени кругови стари 1.400 години

Неколку чудни древни земјени кругови во Австралија, за кои се верува дека се постари од илјада години, конечно го открија своето потекло.

Овие необични кругови се пронајдени на периферијата на денешен Мелбурн, а нивното значење долго време беше непознато. Но, научниците конечно успеаја да ги објаснат причините за нивното создавање.

За жал на љубителите на вонземски теории, одговорот не е поврзан со нешто натприродно, но е навистина фасцинантен.

 

Ново истражување, објавено овој месец во списанието Australian Archaeology, откри дека овие древни кругови биле создадени од австралиските Абориџини, припадници на културата Вурунджери Вој-вурунг, пред стотици години.

Овие големи кругови, пронајдени во областа на Вурунджери Вој-вурунг во предградието Санбери, долго време претставуваа мистерија, бидејќи слични кругови се пронајдени и во Велика Британија и Камбоџа.

Се верува дека древните луѓе во овие области копале и наредувале земја за да создадат огромни кругови со дијаметар од стотици метри.

Иако досега се пронајдени речиси 100 вакви кругови, се претпоставува дека стотици други биле уништени за време на европската колонизација на Австралија.

Останатите кругови денес имаат големо културно и историско значење за австралиските Абориџини, бидејќи служат како потсетник на нивната историја.

Истражувачите и старешините од заедницата Вурунджери Вој-вурунг истакнуваат дека овие кругови сведочат за животот, колонизацијата, самоопределувањето, прилагодувањето и истрајноста на нивниот народ.

 

Научниците сметаат дека целосното разбирање на овие кругови бара да се проучи културниот поглед на Абориџините кон земјата и како нивните предци влијаеле на регионот.

Претходните истражувања сугерираа дека круговите биле ‘свети места’, но немало многу документирани информации за нивното значење од културен и пејзажен аспект.

Сега, преку уникатно ископување на еден од круговите, научниците откриле дека тие биле создадени пред меѓу 590 и 1.400 години. Абориџините од тоа време расчистувале земја и растенија, гребеле почва и карпи за да создадат кружни насипи.

Камените плочи биле внимателно наредени, а во круговите се палеле огнови и се користеле камени алатки за обработка на предмети.

Истражувачите веруваат дека круговите можеби служеле за работа со растенија и животни, а можеби и за церемонии.

Научниците додаваат дека иако оригиналната цел на ‘Санбери круговите’ можеби се изгубила со текот на времето, нивното културно значење останува и се пренесува низ генерации.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *