Што сè откри НАСА откако го отвори астероидот Бену, вреден 1.000.000.000 долари?
Во 2023 година, НАСА успешно донесе примероци од астероидот Бену (101955 Bennu), откритие што ја збогати науката со уникатни информации за вселената.
Просторниот лет, лансиран во 2016 година, стигна до Бену по две години патување и собираше примероци од 20 октомври 2020 до 10 мај 2021. По седум години, на 24 септември 2023, леталото се врати на Земјата. Отворањето на капсулата со примероци заврши дури на 14 јануари 2024.
Првичните анализи покажаа дека некогаш на астероидот течела вода. Според Сара Расел од Природонаучниот музеј во Лондон, отсуството на хондрули – микроскопски зрна карпи што се сметаат за основни градежни блокови на планетите – укажува дека водата ги уништила тие формации.
Астероидот Бену, откриен во 1999 година, го доби името по митолошката египетска птица Бену. Истражувањата покажуваат дека ротирањето на астероидот се забрзува, со тоа што на секои 100 години се намалува времето за еден целосен обрт за една секунда.
Овие примероци, кои немаат паралела во претходните наоди, ја потврдуваат богатата содржина на вода во карпите на Бену и нудат уникатни сознанија за историјата на нашиот Сончев систем.
Коментирај анонимно