59 годишната Шанија Твеин во несоодветно боди, што личеше на ПЕЛЕНА, се појави на настап во Лос Анџелес – фановите со поделени мислења
Шанија Твејн, иконата на кантри и поп музиката, предизвика бурни реакции поради смелата облека што ја носеше на неодамнешен настап. На 59 години, пејачката се појави во впечатлив и разголен костим за време на својот настап во Лас Вегас, што предизвика поделени мислења на социјалните мрежи.
Костимот, кој содржеше светкави, проѕирни делови што даваа илузија на гола кожа, доби и пофалби и критики. Некои ја пофалија за самодовербата и шоуто, додека други го оценија како „несоодветен“ и „невообичаен за нејзините години“.
Критичарите напишаа коментари како: „Ова не е класично. Таа е дама со стил и треба да се однесува така“ и „Не е соодветно за нејзините години, ниту за било чии години!“ Некои ја споредија облеката со пелена, изразувајќи разочарување што Твејн се оддалечила од својот препознатлив стил.
Сепак, многу фанови застанаа во нејзина одбрана, истакнувајќи дека таа има право да носи што ја прави самоуверена. Некои објаснија дека облеката веројатно е вешто дизајнирано боди кое само изгледа разголено.
Дебатата покрена пошироки прашања за очекувањата на општеството од постарите луѓе, особено од жените. Многумина побараа преиспитување на двојните стандарди и поддршка за индивидуалното изразување преку модата, без оглед на возраста.
Коментирај анонимно