„Сите намирници за дома ги наоѓам во контејнери, не сум пазарела во супермаркет со години – еве зошто мислам дека тоа е паметно“

Софи Јуел-Андресен, 30-годишна менаџерка на ресторан од Архус, Данска, веќе четири години не пазарува храна од супермаркети, туку ја наоѓа во контејнери. Започнала со оваа практика во октомври 2020 година, додека живеела во Сиднеј, Австралија.

 

 

 

Софи првично земала само свежи производи, но наскоро открила дека може да го обезбеди целосното неделно снабдување со храна од овие извори. Во текот на 2024 година, таа потрошила само 99 долари во супермаркети, главно за производи како тоалетна хартија и сапун за садови.

Овој начин на живот ѝ заштедува илјадници долари годишно, што таа ги вложува во патувања низ светот. Софи вели дека не започнала со оваа практика од финансиска потреба, туку поради љубопитност и желба за поекономично трошење.

„Знаев за концептот на собирање храна од контејнери и секогаш ми беше интересно. Првиот пат кога пробав во Сиднеј, открив количини на добра храна. Сè чувствував како да одам во лов на богатство“, вели Софи.

 

 

Откако се вратила во Данска во 2022 година, продолжила со оваа практика. Нејзиниот фрижидер секогаш е полн, а таа нема потреба да пазарува во супермаркет. Парите што ги заштедува ѝ овозможуваат да работи само три дена неделно и да патува во земји како Кенија, Аргентина, Италија, Шпанија и Дубаи.

Софи ја пренела својата пасија и на семејството, кое сега активно учествува во „ловот“. На семејните патувања, храната што ја јадат е целосно обезбедена преку собирање од контејнери.

Таа ја гледа оваа активност како начин на активизам, настојувајќи да подигне свест за проблемот со фрлање на храна и за потребата од поинаков поглед кон храната која често е добра за консумирање, иако изгледа несовршено или ѝ е поминат рокот на употреба.

  • Nekoj напиша:

    Ne znam koj e pozabegan ovaa pogore na slikite ili vie od motika sto postirate vakvi gluposti 🤦‍♂️

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *