Кардиоваскуларен хирург открива четири клучни работи што треба да се избегнуваат за да се намали ризикот од рак, срцев удар или мозочен удар

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), срцевите и циркулаторните заболувања се водечка причина за смртност во светот, одговорни за приближно 17,9 милиони смртни случаи годишно.

Ова претставува околу 32% од вкупниот број на смртни случаи глобално.

Во 2019 година, СЗО истакна дека овие заболувања се најголемиот убиец на мажи и жени ширум светот.

Кардиохирургот д-р Џереми Лондон (@drjeremylondon) на својот TikTok профил сподели кои превентивни мерки можат да се преземат и што лично тој избегнува за да го зачува здравјето на своето срце.

Пушење

Докторот вели дека пушењето е „најлошото нешто што можете да му го направите на целото тело“.

„Тоа ги уништува белите дробови, предизвикува рак на белите дробови, го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, срцеви удари и мозочни удари. Не пушете“, вели тој.

 

Консумирање алкохол

Д-р Лондон вели дека целосно се откажал од алкохолот и не се кае поради тоа.

„Алкохолот. Мразам да ви кажам, но тој е токсичен,“ вели тој. „Токсичен за секоја клетка во вашето тело. Ваше тело, ваши правила, сами одлучувате. За мене, лично, отстранувањето на алкохолот од мојот живот е веројатно една од најтрансформативните одлуки што сум ги донел како возрасен. Сите кул луѓе го прават тоа. Пробајте.“

 

Консумирање газирани пијалаци

Истражувањето на Harvard Health покажува дека луѓето кои пијат повеќе од пет засладени газирани пијалаци неделно имаат поголеми шанси да покажат знаци на рана срцева болест, во споредба со оние што пијат само еден.

Без многу објаснување за ова, д-р Лондон вели: „Газираните пијалаци – течна смрт. Едноставно не ги пијте. Точка.“

Избегнување леб и тестенини

Д-р Лондон вели: „Четврто, избегнувајте леб и тестенини. Избегнувајте рафинирано брашно и пченица. 80 проценти од контрола на тежината е исхрана, 20 проценти е вежбање. Ве уверувам, можете да изедете повеќе калории отколку што можете да согорите со вежбање. Затоа внимавајте што внесувате во вашето тело.“

Една од главните причини за срцев удар е висок крвен притисок, кој за жал е почест кај луѓето со прекумерна тежина.

Според Светската здравствена организација (СЗО), индекс на телесна маса (BMI) над 25 се смета за прекумерна тежина, а над 30 за дебелина.