Контровезната причина зошто една епизода од „Сунѓерот Боб“ беше забранета 15 години по нејзиното излегување

Постојат контроверзни причини зошто една епизода од „Сунѓерот Боб Панталоновски“ беше повлечена од емитување цели 15 години по нејзината прва премиера.

Пред неколку години, епизода од 2003 година беше отстранета од телевизиските програми и сите стриминг платформи, откако беше оценето дека нејзината содржина не е соодветна за деца.

Тоа, секако, претставува проблем кога се работи за детска телевизиска програма.

Епизодата „Mid-Life Crustacean“

Оваа епизода ја следи приказната на г. Крабс, кој се соочува со криза на средни години. Сунѓерот Боб и Патрик решаваат да му помогнат на сопственикот на „Крастиниот Краб“ да си ја врати младоста преку низа авантури низ Бикини Дното.

Досега звучи сосема нормално, нели?

Но, работите стануваат непријатни кога триото учествува во активност позната како „напад на долна облека“ (panty raid), каде што провалуваат во куќа за да украдат женска долна облека.

По инцидентот, откриваат дека ненамерно провалиле во домот на мајката на г. Крабс, што ситуацијата ја прави уште понепријатна. Како казна, мајка му го праќа назад во неговата детска соба.

Епизодата беше достапна до 2018 година, кога „Никелодеон“ одлучи целосно да ја отстрани. Претставник на каналот во 2021 година изјави за IGN:

„‘Mid-Life Crustacean’ е отстранета од ротација од 2018 година поради стандардна ревизија која утврди дека одредени елементи од приказната не се соодветни за деца.“

Подоцна, портпаролот на „Никелодеон“, Дејвид Битлер, изјави за New York Times дека одлуката е донесена „поради ревизија на стандардите“.

 

Во 2023 година, епизодата накратко се појави на „Paramount+“ преку „Amazon Prime“, но беше веднаш повлечена поради техничка грешка. Портпаролот на „Paramount“ за IGN изјави:
„Поради техничка грешка, епизодата беше ненамерно објавена за краток период на каналот ‘Paramount+’ преку ‘Amazon Prime Video’. Потоа беше веднаш отстранета.“

 

Втората забранета епизода – „Kwarantined Krab“

 

Освен оваа, уште една епизода беше забранета. Насловена како „Kwarantined Krab“, епизодата беше планирана да се емитува во 2020 година, но поради пандемијата со COVID-19, „Никелодеон“ одлучи да ја одложи до април 2023 година.

Во оваа епизода, „Крастиниот Краб“ е ставен во карантин од здравствен инспектор поради вирус познат како „Клам Грип“, а главните ликови се заглавени внатре.

Иако сега може да изгледа како хумористична приказна, во време на глобална пандемија ќе беше крајно несоодветно и потенцијално трауматично за гледачите.

„Никелодеон“ изјави за IGN дека епизодата е одложена бидејќи „се фокусира на приказна за вирус, и одлучивме да не ја емитуваме поради чувствителноста поврзана со глобалната ситуација.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *