Мртовец ги отвори очите за време на погребот предизвикувајќи шок кај присутните
Присутните на еден погреб биле преплашени кога забележале дека починатиот човек изгледа како да ги отворил очите во ковчегот. Инцидентот се случил додека најблиските се собрале за да му оддадат почит, а некои од нив забележале движење кај неговите очи.
Еден од присутните забележал: „Гледај, веќе ги отвора.“ Некои членови од семејството дури предложиле да се повика амбуланта за да го однесат во болница.
Овој морничав настан се случил на погреб во Доминиканската Република. Додека некои шпекулирале дека движењето на очите можеби било предизвикано од светлата на мобилните телефони, други тврделе дека се работи за мускулна активност што може да се појави по смртта. Серџио, другар на починатиот, тврди дека тоа е посмортална мускулна меморија: „Тоа беше постмортална мускулна меморија, што се јавува кај некои починати.“
Вакви случаи на луѓе кои изгледаат како да ги отвораат очите во ковчег не се ретки во земји каде што е обичај телото да биде изложено на погреби. Ова може да се должи на промени во мускулите на лицето кои се релаксираат или се стегаат по смртта.
По инцидентот, еден корисник на социјалните мрежи објаснил: „Ова се нарекува rigor mortis, кога мускулите се стегаат.“ Сепак, досега не е потврдено што точно се случило во овој случај.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно