Втор групен с*ксуален напад го потресе Милано – инфлуенсерка нападната од толпа мажи, еден од нив извршил одвратен чин врз неа

24-годишната Лара Рапели, на пат кон „Сан Сиро“ за натпреварот меѓу АЦ Милан и Жирона, доживеала ужасен напад во преполнето метро. Таа била опколена од мажи, без простор да се помести, и покрај нејзините обиди да се одбрани.

 

„Сите бевме стиснати, не можеше да се дише. Чувствував како нешто ме допира одзади. Го одбивав со лакти и се обидував да се оддалечам, но беше невозможно“, изјави таа.

Откако излегла од метрото, шпански пар ѝ укажал дека на грбот има нешто. Со шок, сфатила дека тоа бил семена течност. „Никогаш не сум доживеала нешто толку одвратно. Сè уште се чувствувам валкано и сакам да го заборавам ова“, рече Лара.

Таа веднаш го пријавила нападот во полиција, предавајќи ја облеката како доказ. Лара опишала дека главниот напаѓач бил маж околу 35 години, со темна коса, брада и маслинест тен.

 

 

Овој случај е само последен во низата групни напади што го потресоа Милано. На Нова година, британска студентка и други жени биле жртви на организирани напади од толпа мажи на плоштадот Дуомо.

 

Италијанските власти отворија истрага за групното сексуално насилство, барајќи правда за жртвите и превенција од слични инциденти.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *