Среќен 40 роденден Кристијано! Тајните на неприкосновениот Роналдо и можноста да ја промени својата биолошка возраст за 10 години
За фудбалерите, нивното тело е нивното оружје и имаат ограничено време да го искористат пред возраста да ги стигне. Играњето фудбал на врвно ниво е исклучително напорно, особено со противници кои се обидуваат да ве спречат или повредат. Повеќето професионални фудбалери ја завршуваат кариерата меѓу 34 и 36 години. Некои се повлекуваат на крајот на сезоната, додека други, како Гери Невил, одеднаш сфаќаат дека им дошол крајот.
Кристијано Роналдо е исклучок, сè уште активен на 40-годишна возраст (роден на 5 февруари). Неговата долговечност се должи на способноста да се адаптира на предизвиците на времето и возраста. Во 2018 година, на 33 години, Роналдо имал биологија споредлива со 23-годишник. Неговиот интензивен режим на тренирање вклучува:вежбање до четири часа дневно, пет посети на теретана неделно, кардио, вежби за сила, пилатес и пливање.
Генетиката исто така игра улога во неговата способност да го забави стареењето. Роналдо јаде шест помали оброци дневно, богати со протеини, интегрални јаглехидрати, овошје и зеленчук, избегнувајќи храни боагати со шеќер. Неговото омилено јадење е Bacalhau à Brás, португалско јадење од солена риба.
Наместо традиционалните осум часа спиење, Роналдо практикува „полифазно спиење” – пет сесии од по 90 минути дремка дневно. Тој го започнува денот во 5 часот наутро со ледена бања, или во 3 часот ако имал натпревар претходниот ден. Закрепнувањето е клучен дел од неговиот режим.
Сантијаго Сегурола изјавил за „Bleacher Report“ дека Роналдо постојано тренира, со тимот или дома, фокусирајќи се на максимално искористување на своето тело. И покрај неговата способност да го забави биолошкото стареење, времето на крајот ги стигнува сите. Роналдо, кој денес наполни 40 години, моментално игра во Саудиска Арабија за Ал Наср.
Коментирај анонимно