Италијанската спортска репортерка, Елеонора Инкардона, направила смел избор на облека за известување од терен
Елеонора Инкардона е италијанска репортерка и поранешна голферка. Таа е родена во 1991 година и е позната по својата работа на италијанскиот спортски канал DAZN, каде што покрива натпревари од Серија А. Покрај тоа, таа е сопственичка на бутик за часовници во Милано и е страстен навивач на Јувентус.
Елеонора ги остави гледачите без здив за време на преносот на Дерби д’Италија помеѓу Интер и Јувентус на платформата DAZN изминатиот викенд. Атрактивната водителка ја сподели својата комбинација на социјалните мрежи – проѕирен топ, мини здолниште и бордо капут, а косата ѝ беше врзана во елегантна пунџа.
„Жешка атмосфера на стадионот на Јувентус!“ напиша таа. „Сè е подготвено за Дерби д’Италија! Кој ќе победи вечерва? Експертите од DAZNBET Club ја анализираа средбата и ја дадоа својата прогноза, која ја открив во предиграта на @dazn_it!“
Елеонора некогаш беше свршена за Мирко Маноло, полубратот на Дилета Леота, но денес е во врска со италијанскиот фудбалер на Торино, Самуеле Ричи.
Во интервју за La Gazzetta dello Sport, таа откри: „Многу сум среќна со него. Го запознав во еден од најкомплицираните периоди во мојот живот. Тогаш се фокусирав само на работата за да се одвлечам од сè друго. Но, на крајот запознав прекрасна личност со здрави принципи и силни вредности.“
Елеонора студирала право во Милано и првично размислувала да стане судија.
Но, уште за време на студиите, таа била опседната со социјалните мрежи и благодарение на својата популарност на Instagram, каде што имала повеќе од 1 милион следбеници, се пренасочила кон инфлуенсерство.
Нејзината онлајн популарност не останала незабележана – наскоро ја ангажирал DAZN, каде што станала заштитно лице на нивниот DAZN Bet Club.
Коментирај анонимно