Златар сокри богатство во вредност од 1 милион долари низ градот и ги предизвика луѓето да го бараат
Пронаоѓањето на закопано богатство е сон на повеќе луѓе, особено во младите години. Но, овој сон може да стане и реалност за некој, благодарение на златар кој направи интересен предизвик. Треба да се вкулучат „пиратскте способности“ затоа што како и кај многу други потраги по богатство Х го означува местото.

Ловот на богатство го организира Џони Пери, од Вашингтон Тауншип, Мичиген, кој одлучи да ја затвори својата продавница за накит кога избувнувањето на коронавирусот му наштети на бизнисот. Откако ја научил трговијата од неговиот татко, златарот се нашол во ситуација да седи дома и да нема друга работа.

Така тој решил да ја прашата својата сопруга Ејми која од неговите две идеи е подобра. Првата била да го земе накитот за себе и да се пензионира, а втората да го закопа на повеќе локации низ Мичиген.

Иако можби изгледа како бизарен план, парот се одлучил за втората опција и поминале 4 месеци во сокривање на богатството вредноноколу 1 милион долари низ целата држава. „Поминавме низ водопади, потоци, кајакаревме насекаде. Многу упорност, тоа е она што нè врзува.“, вели Џони.

Богатството се состои од „целата продавница за накит, а секоја награда ќе вреди околу 4.000 долари. Ловот ќе започне на 1 август, а сите надежни ловци на богатство ќе можат да добијат траги со купување билети продавани на веб-страницата „Treasure Quest“.
Богатството е скриено во места специјални за животот на Џони и секоја скапа ставка ќе биде лоцирана директно или веднаш до насликаниот ‘X’. Информациите ќе доаѓаат во форма на загатки, гатанки, индиции и мапи.
