Види… и умри: Најопасните знаменитости во Светот
Низ историјата, патувањето било вистинска авантура – полна со опасности, предизвици и неверојатни откритија. Токму затоа, оние што се осмелувале да тргнат во непознатото често биле гледани како херои. Но, не секој агол на планетата е создаден за удобен и безгрижен одмор.
Иронично, токму најопасните места денес стануваат сè попопуларни меѓу туристите, без разлика на нивната несреќна географска положба и ризиците што ги носат.
Боливискиот „Пат на смртта“
Официјално прогласен за најопасниот пат на светот, но тоа никако не ја намалува неговата привлечност. Овој тесен автопат, долг околу 80 километри, секоја година одзема стотици животи.
Со надморска разлика од 3.300 метри, на некои делови патот е толку тесен што едвај собира едно возило. Долж него се расфрлани спомен-обележја во чест на оние што не стигнале до својата дестинација.
Керагболтен, Норвешка
За совршена фотографија, луѓето прават и најлуди работи – како што е искачување на џиновска карпа заглавена меѓу две карпести плочи, на висина од еден километар.
Повеќето туристи се задоволуваат со фотографија од далечина, но најхрабрите се качуваат директно на карпата. Од 2000 година досега, 17 луѓе загинале тука – но тоа не ги спречува останатите да се обидат.
Мон Блан, Франција
Највисокиот врв на Алпите е воедно и најсмртоносниот во Европа. Секоја година, околу 100 планинари ги губат животите, од вкупно 30.000 што се обидуваат да го искачат врвот.
Мон Блан е немилосрден – луѓето најчесто гинат поради ненадејни падови на притисокот, лизгање во бездната или смрзнување.
Реката Колорадо, САД
Оваа река е магнет за љубителите на рафтинг, но истовремено е и непредвидлива и опасна.
И покрај огромните суми што властите ги вложуваат во спасувачки тимови, секоја година во нејзините води гинат од 10 до 20 луѓе, а неколку стотици завршуваат со сериозни повреди. Главните опасности се силните струи, топењето на снегот и скриените карпи под водата.
Вулканите на Хаваи
Хавајскиот архипелаг често го потсетува светот на својата моќ – како што беше случајот со серијата ерупции на вулканот Килауеа пред неколку години, кога загинаа неколку луѓе, а стотици останаа без домови.
Но, туристите? Тие и понатаму со воодушевување доаѓаат да сведочат на природната сила од прв ред.
Езерото што врие, Доминика
Ова езеро на карипскиот остров Доминика го носи своето име со причина – водата во него буквално врие!
Температурите се толку високи што не е можно долго да се стои во негова близина, а од испарувањата многумина дури и се онесвестуваат. Но, тоа не ги спречува љубопитните авантуристи да дојдат и да го видат со свои очи.
Карпите на Мохер, Ирска
Овие иконски карпи се една од најголемите атракции на Ирска, но воедно и едни од најопасните.
Лизгави патеки, силни налети на ветер и кршливи карпести рабови секоја година одземаат животи, а властите постојано се обидуваат да го намалат бројот на посетители.
Ел Каминито дел Реј, Шпанија
Овој пат, познат како „Патот на кралевите“, некогаш беше затворен за јавноста поради својата екстремна опасност, но во 2015 година повторно беше отворен по темелна реставрација.
Иако денес има заштитни огради, сепак е морничаво да се чекори по оваа тесна патека, широка само еден метар, што се извива над бездната.
Тролтунга, Норвешка
Оваа карпа на 700 метри над езерото Рингдалсватн изгледа како испружен јазик – и служи како совршено место за спектакуларни фотографии.
Но, секоја година има несреќи, а последната фатална се случи во 2016 година, кога австралиски турист падна во бездната.
Сина дупка, Египет
Оваа подводна пештера во Црвеното Море е рај за нуркачите, но истовремено и нивен најголем кошмар.
Многумина, без доволна обука и со несоодветна опрема, заглавуваат во длабочините и остануваат без воздух. Во нивна чест, под водата има поставена спомен-плоча со имињата на оние што никогаш не испливале на површината.
Пустината Данакил, Еритреја
Ова место изгледа како директен влез во пеколот – неподнослива жештина, отровни испарувања, мирис на сулфур и пукнатини од каде излегува лава.
Но, илјадници туристи секоја година доаѓаат овде – очигледно нестрпливи да го видат своето потенцијално загробно место одблизу.
Планината Синабунг, Индонезија
На островот Суматра владее мирна и пријателска атмосфера… освен кога планината Синабунг реши да покаже кој е газда.
Овој вулкан, кој мируваше од 1628 година, во последните десет години еруптираше дури седум пати, секоја наредна ерупција посилна од претходната. Последната голема експлозија беше во 2018 година – но, авантуристите не престануваат да доаѓаат.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно