Крвавиот брег на иранскиот остров – природен феномен што го воодушевува светот

Црвеното Море не е единственото што може да се пофали со својата огнена боја. Брeгoвите на еден ирански остров неодамна беа облеани со интензивна црвена нијанса поради обилните дождови, создавајќи глетка што моментално ги освојува социјалните мрежи.

Во импресивните видеа кои брзо се шират на Instagram, може да се види како црвена вода се излева од карпестите брегови во морето, додека туристите, заштитени со кабаници, со восхит го набљудуваат овој природен спектакл.

„Ова е навистина уникатен остров“, коментира еден корисник, додека друг додава: „Моќта на Бог… Колку е убаво и неверојатно!“

 

Крвавиот брег на иранскиот остров

Природен феномен што го воодушевува светот

Иако некои веруваат дека зад оваа појава стои натприродна сила, науката има поинакво објаснување. Необичната црвена боја на брегот е резултат на специфичниот состав на почвата, која содржи висока концентрација на минерали што ѝ даваат изглед налик на разлеана крв.

Овој феномен уште повеќе ја истакнува природната убавина на иранскиот остров Хормуз, познат и како „Остров на виножитото“ поради богатата разновидност на минерали, над 70 на број, кои создаваат разнобојни пејзажи.

Но, оваа впечатлива појава не е само за гледање. Благодарение на интензивно црвената нијанса, локалното население ја користи почвата наречена „гелаќ“ (gelak) за различни индустриски цели, како боење и керамика. Интересно е што таа има и кулинарска употреба – мештаните ја додаваат како природен зачин во традиционалниот сос соораг (sooragh), збогатувајќи ја уникатната гастрономска сцена на овој волшебен остров.

 

Природен феномен што го воодушевува светот

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *