„Neuralink“ на Илон Маск со нови проекти: „Телепатија“ и „Телкинеза“
Компанијата „Neuralink“ регистрира две нови трговски марки – „Telepathy“ и „Telekinesis“, што привлече големо внимание. Според „Forbes“, ова укажува дека компанијата активно работи на развој на технологии поврзани со телепатија и телекинеза.
Предизвиците на овие нови проекти
Претходно, Илон Маск најави дека уредите на Neuralink би можеле да овозможат комуникација преку мисли, што би било особено корисно за лицата со парализа. Сепак, експертите предупредуваат на можни безбедносни и етички предизвици, особено во однос на приватноста и потенцијалот за читање мисли без согласност. Според правни експерти, останува нејасно како компанијата ќе ги реши овие предизвици и дали регистрираните трговски марки укажуваат на вистински технолошки напредок.
Коментирај анонимно