Обожавателите на Доналд Трамп останаа вчудоневидени откако за прв пат ја слушнаа „вистинската смеа“ на претседателот

Фановите на Доналд Трамп се изненадени откако на X се појави старо видео од The Celebrity Apprentice, во кое првпат слушаат како звучи неговата вистинска смеа.

Во сцената, Трамп треба да стигне на финалето на петтата сезона и бара „најбрз возач на светот“. Пред Трамп Тауер го чека легендарниот Формула 1 возач, Марио Андрети, кој седи во болид.

„Драго ми е што си ти“, му вели Трамп пред да се качи, а Андрети му одговара: „Не грижи се, нема да ти ја расипам косата.“

Следува брзо возење низ Менхетен, при што Трамп извикнува: „Гази, доцниме!“ Кога конечно стигнуваат пред Музејот на природна историја, камерата го фаќа Трамп со разлетана коса и широка насмевка.

„Фала, Марио“, вели тој низ искрена смеа и додава: „Вау, свето с**ње.“

Коментарите на социјалните мрежи не изостануваат. Корисници на X забележуваат дека Трамп ретко изгледа толку природно весел. „Првпат го слушам како искрено се смее“, пишува еден корисник. „Лоша глума, но смеата беше вистинска“, додава друг.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *