10 знаци што вашите очи ги откриваат за вашето здравје
Заматен вид
Ако ви се замати видот одеднаш и нагло, тоа може да биде знак за проблем со протокот на крв во окото или мозокот. Дури и ако ви се среди брзо, не го игнорирајте – може да биде предупредување за мозочен удар или мигрена.
Содржина:
Жолти грутки на очните капаци
Мали жолти грутки на капаците, познати како „холестеролски наслаги“, најчесто укажуваат на висок холестерол. Офталмологот лесно може да ја утврди причината со обичен преглед.
Спуштен очен капак
Спуштениот очен капак (птоза) не боли, но може да ви го попречува видот. Кај возрасните обично се јавува поради оштетување на нервите или слабеење на мускулите што го подигаат капакот. Ако не ви пречи на видот, можеби нема да биде потребен третман, но во некои случаи се прави мала операција за корекција.
Воспалени очни капаци
Блефаритис, односно воспаление на капаците, може да биде резултат на првут, розацеа, инфекција, алергија или суви очи. Ако и покрај редовна хигиена состојбата не се подобрува, најдобро е да се консултирате со лекар.
Црни точки или дамки во видното поле
Ако ви се појавуваат црни точки, линии или „пајажина“ во видното поле, тоа најчесто е нормална појава што доаѓа со возраста.
Но, ако одеднаш забележите значително зголемување на овие дамки, светкање или темна сенка во дел од видот, веднаш посетете офталмолог – тоа може да биде знак за кинење или одвојување на ретината.
Чешање
Доколку ви се црвени и ве чешаат очите, а воедно имате и кивање, течење на носот или затнатост, најверојатно се работи за алергија. Најчести причини се полен, прашина или животинска перут. Исто така, сувите очи или егземата може да предизвикаат слични симптоми.
Жолти белки на очите
Ако белките на очите пожолтат, тоа е знак за жолтица, што најчесто укажува на проблеми со црниот дроб. Причината е натрупување на билирубин – супстанца што се зголемува кога црниот дроб е воспален или оштетен. Ова може да биде предизвикано од лоша исхрана, инфекции, па дури и од сериозни болести како рак.
Испакнати очи
Најчеста причина за испакнати очи е прекумерната работа на тироидната жлезда (хипертиреоза), особено Грејвсова болест. Ако меѓу горниот капак и зеницата се гледа бел дел што нормално не треба да се забележува, тоа може да биде знак за оваа состојба. Ако истовремено чувствувате заматен вид, умор, забрзано срце или губење на тежина, треба да се консултирате со лекар.
Бели кругови околи рожницата
Оваа појава (corneal arcus) предизвикува сивкасто-бел прстен од масни наслаги околу рожницата. Кај постари лица, тоа е нормално, но ако се појави пред 40-тата година, може да укажува на многу висок холестерол и зголемен ризик од срцеви заболувања.
Потешкотии при гледање ноќе
Ако ви е тешко да гледате во слабо осветлени простории или ноќе, тоа може да биде последица на оштетување на мрежницата, тешка кратковидост или недостаток на витамин А. Ако забележите вакви проблеми, најдобро е да посетите очен лекар.
Ако имате некој од овие симптоми, не ги игнорирајте – подобро е навреме да проверите отколку да чекате да стане посериозно.
Коментирај анонимно