Автум де Форест: Детето уметник коешто уште пред да наполни 14 години заработила 7 милиони долари од својата уметност
Автум де Форест првпат земала четка во рака на петгодишна возраст, а веќе на шест години сакала да го покаже својот талент на светот. Нејзиниот татко ѝ обезбедил штанд на локален уметнички настан, каде што посетителите, мислејќи дека уметничките дела се негови, биле изненадени кога дознале дека токму малата Автум стои зад нив. До осмата година, нејзиниот талент бил препознаен од медиумите, што ѝ донело настапи на Discovery Health Channel, The Today Show, Disney и многу други платформи.
Од медиумско внимание до глобална уметничка сцена
И покрај сомнежите на некои во уметничкиот свет, Автум продолжила да создава. До 14-годишна возраст, веќе имала ригорозен дневен распоред, со часови посветени на сликање и онлајн образование, заради нејзините бројни патувања. Нејзините дела биле изложени ширум светот, а таа одржувала јавни демонстрации и добивала престижни награди, вклучувајќи ја и Меѓународната награда Џузепе Шака, што ја однела во Ватикан на приватна средба со папата.
Денес, Автум продолжува да твори и да инспирира. Основаната фондација ѝ овозможува да им помага на млади уметници преку финансиска поддршка, а нејзините дела досега имаат генерирано над 7 милиони долари, од кои голем дел се донирани за хуманитарни цели.
Едно од попознатите дела на Автум
Коментирај анонимно