Ким Кардашијан изгуби скапоцен дијамант на гламурозна свадба во Индија
Ким Кардашијан, на спектакуларната свадба на Анат Амбани и Радика Мерчант во Мумбај, во Индија, ненадејно изгуби голем дијамант од нејзиниот накит. Таа и нејзината сестра Клои беа меѓу гостите на дво-дневната свеченост, организирана од семејството Амбани, чиј патријарх, Мукеш Амбани, има богатство проценето на над 123 милијарди долари.
За оваа прилика, сестрите носеа екстравагантни креации од врвни индиски дизајнери, украсени со скапоцен накит дизајниран од нивната пријателка Лорејн Шварц. Токму еден од овие раскошни парчиња – огрлица со дијаманти во облик на круша – беше во центарот на драмата.
Како да пропаднал во земја…
Додека Ким и Клои разговараа со Нита Амбани, мајката на младоженецот, и неговата сестра Иша, дијамантот одеднаш се одвоил од накитот и паднал на подот. Клои прва забележала празнина на огрлицата и повикала помош, а потоа започнала трескавична потрага по скапоцениот камен.
„Го баравме насекаде – на подот, во мојата облека, дури и во деколтето“, изјави Ким, која се пошегува дека нема идеја како дијамантот исчезнал. По неуспешната потрага, организаторите ги преместија во друга просторија за да продолжат со пребарувањето.
Додека тимот трагаше по дијамантот, сестрите не пропуштија можност за импровизирана фотосесија покрај раскошни цветни декорации. Иако Ким призна дека ѝ било жал за загубата, таа и Клои на крајот заклучија дека не можат да направат ништо повеќе.
Оваа свадба, проценета на 600 милиони до 1 милијарда долари, привлече многу познати личности, меѓу кои Хилари Клинтон, Џон Сина, Ник Џонас и Пријанка Чопра.
Коментирај анонимно