Камо сите да ја имавме нивната ДНК… тогаш Македонија ќе беше најубавото место на светот
Една од последните хуманитарни акции на дуото „ДНК“:
По вчерашното обраќање на Берк Лимани чие “писмо” допре длабоко во нашата душа, а веруваме и до многумина, денес отидовме директно до кај нив во нивната куќа-соба во која за жал ја немаат основната работа за функција – СТРУЈА.
Берк и неговата мајка Севим живеат во населбата Ѓорче Петров, на улица “Беа Куле” Бр.1 А во (не) услови кои не се достојни за еден нормален живот. Тоа што им беше најбитно во моментов им го дадовме (толку бевме во можност), и целосно го покривме трошокот за терапијата на неговата болна мајка.
За старт, најважно е да се подмири сметката за струја која изнесува 46.000денари, за повторно да засвети нивниот трошен дом.
Инаку, додека разговаравме, седевме осветлени од неколку свеќи, па ги запрашавме што уште би можеле да им помогнат останатите хумани луѓе кои се во можност да донираат и излезат во пресрет.
Ни кажаа дека најнеопходно им е да добијат ФРИЖИДЕР, БОЈЛЕР и било каков телевизор.
Сите оние кои се во можност, од срце би ве замолиме да помогнете, кој колку може, и доколку сакате да го споделите постот, се со цел да стигне до што поголема број на луѓе.
Бројот на Берг е: 072 639 335
па слободно исконтактирајте го.
Со почит,
Панчо и Андреј
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.
Коментирај анонимно