Пар веднаш зажали што отвори порака во шише што го најде на плажа
Една од првите лекции што ги учиме во школо е да ги читаме прашањата на тестовите внимателно. Но, многу луѓе не ја применуваат оваа лекција во животот, а еден пар од Австралија е совршен пример за тоа – реагирале пред да ја прочитаат целата порака.
Австралијците Кристал и Рик објавија видео на TikTok во кое ја споделија својата грешка – и видеото брзо стана вирално.
Во клипот тие објаснуваат: „Видовме едно шише што се изми на брегот. Изгледа како да има порака внатре.“
Рик, возбуден што ќе ја извлече пораката, брзо ги истура песокливите остатоци од шишето на плажата и ѝ го подава писмото на Кристал.
Но, веднаш сфаќаат дека тоа не било песок. Во шишето имало човечки пепел. И тоа на човек по име Џеф.
Упс.. Извини Џеф.
Последната желба на Џеф
Ако ништо друго, можеме да замислиме и полоши места каде што човек би можел да заврши отколку на сончева австралиска плажа. Но, писмото во шишето содржело и важна порака:
„Ако го најдете ова, ве молам фрлете го шишето во морето за да можам да го продолжам моето патување.“
Очигледно, Џеф го сакал морето и сакал неговата пепел да патува низ светот дури и по неговата смрт. Се надеваме дека бил барем некое време на отворено море пред да биде пронајден на плажата.
Многу сакате да играте игри, но не сакате да ги симнувате? Мотика има совршено решение за вас. Посетете го каналот Игротека и уживајте во најзабавните игри без обврски.
Коментирај анонимно