Револуција во медицината: Најмалиот пејсмејкер во светот е со големина на зрно ориз

Научниците објавија дека развиле најмал пејсмејкер во светот – привремен уред за регулирање на срцевиот ритам, помал од зрно ориз, кој може да се вбризга, да се контролира со светлина и да се раствори во телото кога повеќе не е потребен.
Иако сè уште е далеку од тестирање врз луѓе, ова откритие е наречено „трансформативен пробив“, со потенцијал да доведе до напредок во други медицински области.

 

 

Револуција во медицината: Најмалиот пејсмејкер во светот е со големина на зрно ориз

Зошто е важен овој уред?

Милиони луѓе ширум светот имаат вграден пејсмејкер – апарат што испраќа електрични импулси за да го регулира срцевиот ритам.
Научниците од САД, кои стојат зад новиот уред, биле мотивирани од фактот дека 1% од новороденчињата се раѓаат со срцеви дефекти и имаат потреба од привремен пејсмејкер во првата недела по операцијата.

Овој уред може да помогне и кај возрасни пациенти кои закрепнуваат по срцева операција.

 

Зошто е важен овој уред?

Како функционира традиционалниот пејсмејкер?

Вообичаено, привремените пејсмејкери бараат хируршка интервенција – електроди се шеваат на срцевиот мускул, а жиците се поврзуваат со уред поставен на градите на пациентот.
Кога пејсмејкерот повеќе не е потребен, жиците се вадат, но тоа може да доведе до компликации.

Дури и Нил Армстронг, првиот човек што стапна на Месечината, почина од внатрешно крварење по отстранување на неговиот привремен пејсмејкер во 2012 година.

 

Како функционира традиционалниот пејсмејкер?

Што го прави новиот пејсмејкер револуционерен?

Новиот уред е безжичен, со дебелина од само 1 милиметар и должина од 3,5 милиметри – доволно мал за да се вметне со шприц.

Најголемата предност?
Кога повеќе не е потребен, самиот се раствора во телото, елиминирајќи ја потребата од дополнителни операции.

Како работи?

Пејсмејкерот е поврзан со мека паметна лепенка што се носи на градите.

Кога лепенката ќе открие неправилен срцев ритам, таа испраќа светлински сигнали до пејсмејкерот, кој го стимулира срцето да чука правилно.

Уредот нема батерија – тој користи галванска ќелија, која со помош на телесните течности создава електрична енергија за стимулација на срцето.

Како работи?

Што покажале тестирањата?

Досега, пејсмејкерот успешно функционирал при тестирања на глувци, стаорци, свињи, кучиња и човечко срцево ткиво во лабораториски услови.
Според главниот автор на студијата, Џон Роџерс од Универзитетот Нортвестерн, тестирањето на луѓе би можело да започне за две до три години.
Тој вели дека неговата лабораторија веќе основала стартап компанија за да го забрза процесот на развој.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *