Шпанската влада бара истрага за скандалозната забава на Ламине Јамал: Обвинувања за експлоатација на лица со низок раст и плaќање жени со „специфични димензии на градите“
Шпанската влада бара итна истрага поради контроверзната забава по повод 18-от роденден на фудбалското чудо од Барселона, Ламине Јамал. Се тврди дека биле експлоатирани лица со нанизок раст, а девојки со специфични телесни мерки биле платени само за да присуствуваат. Овој случај предизвика голем потрес во јавноста и барање за одговорност и казна.

По серија јавни критики и закана за тужба од Асоцијацијата на лица со ахондроплазија, и шпанската влада се приклучи во осудата. Директорот, Исус Мартин, побара истрага и апелираше: „Загрижени сме што моќните луѓе мислат дека се недопирливи. Законот мора да важи за сите.“ Забавата може да го чини Јамал казна и до 998.000 евра.

Моделката Клаудио Калво тврди дека организаторите на забавата се обиделе да вработат 12 русокоси жени со одредена димензија на градите. Таа додаде дека понудата достигнала и до 20.000 евра за нивно 24-часовно присуство, без да им биде откриена локацијата. Калво одбила да учествува поради нејасните барања и ризиците.



Асоцијацијата на лица со ахондроплазија жестоко го осуди вклучувањето на лица со низок раст како дел од забавата. Нејзината претседателка Каролина Пуенте порачa дека е недозволиво во 21-от век, особено кога јавни личности прифаќаат вакви постапки кои ја поттикнуваат дискриминацијата. Тие бараат крај на објективизацијата на различноста и најавуваат правни мерки.


И покрај огромната медиумска бура и критики, Ламине Јамал досега не се огласил со изјава за обвинувањата. Здруженијата предупредуваат дека ваквите настани оставаат трајно негативно влијание врз младите кои ги следат своите идоли, и дека правдата и еднаквоста мора да бидат издигнати на пиедестал – без исклучок за славните и богатите.


Коментирај анонимно