Застрашувачко видео покажува жена како бега од киднапер на паркинг во Флорида
Застрашувачко видео од надзорна камера го сними моментот кога млада жена успеа да избега од обид за киднапирање на паркинг во Ст. Огистин, Флорида. Напаѓачот, 31-годишниот Теодор Мајкл Тундидор, беше уапсен и обвинет за киднапирање, грабеж, кражба на возило, возење под дејство на алкохол и бегање од полицијата.
Инцидентот се случил на 29 јуни, околу 15:30 часот, кога Тундидор влегол во продавница, ограбил вработена жена, а потоа се обидел да ја извлече насила надвор. Камерата го улови моментот кога ја влече низ паркингот и се обидува да ја внесе во неговиот камион. Жената храбро се борела, викала за помош и на крајот успеала да му побегне.
Сосед кој го слушнал нејзиното викање повикал полиција, а тоа го натерало напаѓачот да побегне од местото на настанот. Набргу потоа, бил забележан од службеници на Дирекцијата за риболов и диви животни на Флорида и приведен по кратка потера.
Од шерифската канцеларија велат дека жената направила сè како што треба – викала, се борела и привлекла внимание. Токму тоа ѝ го спасило животот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Eee jebes demokracija ova u saraj go promovirasje alija sallata ali demokracija ne je tako kako sto.misli insan za nami treba samu ruska cizma da go puni so olovo sejtan kriminal jebes komunjari u gz
Коментирај анонимно