Келнерка од мал град во Алабама добила 10 милиони долари на лотарија – и животот ѝ се претворил во кошмар

Тонда Дикерсон била разведена мајка, која се борела да го преживее секојдневието работејќи пет смени неделно. Еден ден, постојан клиент ѝ оставил лотарија како бакшиш – гест што ќе го смени нејзиниот живот засекогаш. Години подоцна, ќе стане јасно дека освојувањето на милиони понекогаш значи почеток на вистински хаос.

Келнерка од мал град во Алабама добила 10 милиони долари на лотарија – и животот ѝ се претворил во кошмар

Тонда ја добила лотаријата, вредна над 10 милиони долари, и избрала да ја прима по 375.000 долари наредните 30 години. Сигурноста ѝ била поважна од луксузот. Почетокот звучел како остварен сон – но веднаш потоа започнале неволјите. Прво, четири нејзини колешки ја тужат, барајќи дел од добивката поради „неписмен договор“ за делење добивки од билети остаени како бакшиш.

По првата судска пресуда против неа, Апелацискиот суд во Алабама го поништи решението – според тамошниот закон, таквите „договори“ околу лотарија се неважечки. Но, притисоците не престанале: клиентот што ѝ ја подарил лотаријата ја обвинил дека му ветила нов камион, па и тој ја тужел (и загубил). Најдраматично, нејзиниот насилен поранешен сопруг ја киднапирал и ѝ се заканувал со убиство, таа се одбранила со пиштол и едвај извлекла жива глава.

Многу добитници на лотарија се соочуваат со оддалечување од најблиските и разорување на семејствата. Статистиката е застрашувачка: милиони трошени на дрога, проституција, дури и планирани убиства. Некои завршуваат осамени и банкротирани — лотаријата често претставува вистинско проклетство, наместо благослов.

По бројните неволји, Тонда, не дозволила да ја обземе алчноста и се вратила на редовна работа во казино, каде денес дели карти на покер и блекџек. Останува силна и скромна, за разлика од многу други добитници: останала жива и ги зачувала семејните односи. Научената лекција? Среќата не е во парите, туку во смирениот дух и одржувањето на нормален живот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *