Министер тужи новинар во Македонија (виц)

На еден македонски медиум министер бил наречен „човек без мозок“. Тој поднел тужба за надомест на нематеријална штета.

Во судницата започнува расправа.

Министерот: Како тоа без мозок? Па јас одам на работа, присуствувам на седници, носам некакви одлуки таму!

Тужениот: Почитуван судија, ве молам обрнете внимание — токму тоа какви одлуки носи тужителот само ја потврдува точноста на моето тврдење.

Министерот: Но еве, имам лекарска потврда!

Судијата: Господинот министер приложи пред судот потврда од ургентен центар, според која, на 10-годишна возраст паднал од висина од 5 метри директно на асфалт со главата надолу и добил потрес на мозокот, некомпатибилен со интензивна ментална активност. Значи, мозок сепак има. Тужбата за надомест се прифаќа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *