Овој стриптиз бар најде одличен начин како да функционира за време на пандемијата (потребен ви е само автомобил)

Бидејќи пандемијата продолжува да влијае на тоа како живееме, работиме и се забавуваме, многу бизниси мораа да станат креативни со начините на кои комуницираат со клиентите. Ова секако е точно за клубот „Vivid Gentleman’s Club“ во Хјустон, Тексас, каде танчерките сега нудат „drive-thru“ услуга на клиентите.

Клиентите се охрабруваат да „уживаат во храна и пијалоци со поглед“, сѐ од удобноста на сопственото возило. Овој „drive-thru“ за возрасни работи како и многу други традиционални „drive-thru“ – така што клиентите поминуваат, прават нарачка и добиваат оброци, а имаат и голем избор на алкохолни пијалоци.

Како и да е за разлика од Мекдоналдс клиентите ќе бидат пречекани од привлечно облечени забавувачи, кои танцуваат зад челични барикади додека носат заштитни маски за лице и ракавици.

Додека ја чекаат својата храна, танчерките ќе ги забавуваат гостите при што секој автомобил има строго ограничување на две песни. Клубот, исто така, нуди опција за „2 песни без храна и пијалок“, за 20 долари, за оние кои не се гладни и жедни, но сакаат да уживаат во претставата.