9 работи кои сме ги виделе милион пати, но не сме се запрашале како навистина се викаат

Постојат многу работи околу вас со кои сте запознаени. Сепак, дури и ако сте ги виделе стотици пати, веројатно не знаете кој е нивниот точен назив. Мирисот на дожд, вториот прст на ногата да ви е поголем од првиот, светло обоен дел од ноктите и слично се примери на некои детали кои имаат име, но тоа може да биде непознато за многумина од нас.

1. Формата што покажува 5 во коцки се нарекува квинкункс, односно 4 точки формираат правоаголник или квадрат, и дополнителна точка веднаш во средина.

2. Можеби мислевте дека овој дел од вашите чевли нема име. Како и да е, се нарекува аглет.

3. Оваа карактеристика е популарно позната како „грчко стапало“ и специфичната варијација на тоа дека вториот прст ви е подолг од првиот и се нарекува „Мортонов палец“.

4. Мирисот што се создава кога дождот паѓа на суво тло, а кој популарно е познат како „мирис на дожд“, всушност се нарекува Петрикор.

5. Раздвојувањето или јазот што се формира помеѓу 2 заби се нарекува дијастема и може да биде резултат на непропорционален однос помеѓу големината на забите и големината на вилицата.

6. Оваа бела „полумесечина“ на ноктите се нарекува лунула. Колку сте постари, толку е помала веројатноста да ја имате!

7. Она ненадајно кркорење што го слушате како доаѓа од стомакот како знак на глад се нарекува борборигмус.

8. Веројатно сте го нарекувале секогаш „знак за делење“, но всушност, овој симбол се нарекува обелус.

9. Таа мала пукнатина од горниот дел на усната до носот, се нарекува медијален расцеп или филтрум (и некои животни ја имаат исто така).