Кога убавината станува зависност: Жените кои потрошија стотици илјади евра на пластична хирургија за да станат „живи кукли“
Во светот каде што пластичната хирургија е лесно достапна, некои жени го поминуваат прагот на разумното. Тие се одлучуваат на драматични трансформации, трошат огромни суми пари и се враќаат повторно и повторно под ножот. Секоја од нив носи своја приказна, тежина и нешто за размислување – што значи убавината денес и до каде можеме да одиме за да ја добиеме?

1. Тара Џејн Меконахи

Тара од Мелбурн, Австралија, својата трансформација ја започна на 21 година кога татко и́ и подарил пари за првата пластична операција. Две децении и околу 200 илјади американски долари подоцна, таа веќе не е медицинска сестра, туку OnlyFans модел со бројни следбеници кои финансиски го поддржуваат нејзиниот пат кон „совршенството“.

Ерменката Лили Морто
Моделот и блогерката Лили Морто од Ерменија, не беше задоволна од својот изглед. Со бројни операции, таа стана русокоса со сини очи и инспирација и́ е куклата Барби. Лили вложи огромни суми со цел да го оствари својот сон, а денес е дел од ТВ шоуа, има музички спотови и сонува за актерска кариера – и не запира со промените.


Андреа Иванова од Бугарија
На само 20 години, Андреа почнува со промени инспирирани од Bratz куклите – на почетокот коса, потоа усни и по малку целото лице. Денес, на 27 години, таа е позната како жената со најполните усни во светот. Бугарските козметолози одбиваат да и́ прават нови зафати, па таа оди во Германија. Финансиската поддршка пристигнува од нејзините фанови и појавата на телевизиски емисии.

Ханита Еметис
Ханита Еметис (околу 34 години) е блогерка од Иран, која отворено им изјави на сите дека не може да живее без сите овие трансформации, дека со големо задоволство трча на операции и не знае дали некогаш ќе може да престане. За среќа, нејзините родители имаат свој бизнис и можат да ѝ дозволат на својата ќерка повремено да си игра со својот изглед.


Алина Андриевска
Алина Андриевска, модел и блогерка од Донецк, себеси се нарекува кралица, често носи круна и продолжува да се менува по неуспешниот брак. Таа тврди дека добро заработува од реклами и има фанови на сите мрежи. Од каде парите? Јавноста само нагаѓа – двата лика се доказ колку далеку оди современиот култ кон надворешниот изглед.


Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно