Необична храброст: 11-годишно девојче спаси 5-годишно дете кое било заглавено во бунар длабок 6 метри
Во мирното населено место во Масачусетс, едно едноставно попладне се претвори во вистинска драма кога петгодишниот Џек паднал во бунар длабок шест метри. Храброто 11-годишно девојче, Јулијана Фишер, без двоумење тргнала во акција, кога слушнала крици за помош од нејзината сосетка.

Мајката на Џек, Кетлин Фримен, очајнички викала за помош „Викајте ја полицијата!“, кога нејзиниот син паднал во бунарот кој бил привремено покриен со слабо поставен поклопец, што се поместил токму кога момчето поминувало над него. Јулијана, слушајќи крици какви што никогаш претходно не слушнала, излегла од куќата и веднаш повикала полицијата додека трчала кон местото на несреќата.

Додека Џек стоел на дното од бунарот, опкружен со парчиња бетон и држејќи се за една метална шипка, мајка му, неспособна сама да му помогне, се обидувала да го смири од горе. Тој непрестано ја повикувал својата „мама“, преплашен и збунет. Ситуацијата изгледала безизлезна, сè до пристигнувањето на храброто девојче.

Јулијана брзо проценила што треба да се направи: со помош на својот татко земала скала, ја спуштила во бунарот и внимателно го насочувала Џек да се искачи. Благодарение на нивната смиреност и промисленост, Џек се искачил речиси без повреди, со само неколку гребнатинки.
Мајката на Џек не може да опише колку е благодарна и вели дека „се чувствуваше пресреќно кога Џек излезе од бунарот“. Брзата реакција на службите беше потпомогната токму поради разумното делување на Јулијана. Бунарот потоа беше обезбеден со тешка метална плоча и тули, а Џек беше однесен во болница за дополнителни прегледи.
Јулијана срамежливо изјави: „Не знам… Мислам дека секој би го направил истото.“ За соседите, таа ќе остане вистински херој.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно