Најталентираните ученици по информатика во посета на „Мак Прогрес – Винчини“

Најталентираните ученици по информатика, членови на националните тимови на Северна Македонија, моментално престојуваат на еднонеделен подготовителен камп на Пониква, во хотел „Изгрев“. Кампот е организиран од Здружението за поддршка на талентирани ученици и млади „Бистри умови“ и Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ).

 

 


Во рамки на програмата, денеска тие ја посетија компанијата „Мак Прогрес – Винчини“. Учениците имаа уникатна можност сами да приготват тортини, да го посетат Едукативниот центар и да ги разгледаат производствените погони, каде одблиску се запознаа со целиот процес на производство – од идеја до финален производ.

„Мак Прогрес – Винчини“ веќе две години е верен спонзор на „Бистри умови“ и ЗИМ, обезбедувајќи производи за младите информатичари и придонесувајќи за нивната мотивација и успех.

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *