Неочекуваната моќ на ренот: Оваа билка е природен антибиотик, штити од болести и помага при воспаленија

Ренот не е само пикантен додадок за јадења – тој e природен лек, богат со моќни антиоксиданти, витамини и минерали. Дозволете ни да ја откриеме неговата вистинска вредност и да разбиеме некои митови за оваа заборавена билка.

 

Неочекуваната моќ на ренот: Оваа билка е природен антибиотик, штити од болести и помага при воспаленија

Ренот е природен антибиотик кој активно се бори против бактерии и вируси

Ренот е богат со фитонциди – природни антимикробни супстанции кои му помагаат на телото да се бори со бактерии, вируси и габи. Дејствува како моќен природен антибиотик – особено корисен при инфекции.

Ренот е природен антибиотик кој активно се бори против бактерии и вируси

Витаминска и минерална бомба: C, B витамини, калиум, калциум, магнезиум, железо, фосфор

Во ренот се крие богатство од витамини и минерали:

– Витамин C – ја зголемува отпорноста на телото
– B витамини – за здрав нервен систем
– Калиум – го регулира крвниот притисок
– Калциум – за здрави коски и заби
– Магнезиум – неопходен за над 300 реакции во организмот
– Железо – важно за црвените крвни клетки
– Фосфор – за коски, заби и производство на енергија

Ренот носи олеснување:

– Содржи соединенија со противвоспалително дејство кои ја смалуваат болката и воспалението
– Го стимулира лачењето на желудочен сок, го подобрува варењето и може да помогне при запек
– Го зајакнува имунитетот преку витамин C и фитонциди
– Има експекторантно дејство (помага во разредување на шлајм), што го прави корисен при настинки и бронхит

Корисни совети и важни предупредувања: Како правилно да јадете рен

Како да го консумирате ренот:
– Како додаток во месо, риба, сосови и маринади
– Домашен рен со оцет или цвекло
– Како дел од салати или облоги за болки во зглобови

Внимавајте: Ренот може да ја иритира слузницата на желудникот. Не се препорачува за лица со стомачни заболувања, трудници и доилки. Консумирајте го умерено– и ќе ги почувствувате неговите бројни здравствени придобивки!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *